НОВО!!!

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА КНИГА НА БАЈРОН КЕЈТИ „ДА СЕ САКА ТОА ШТО Е“

Повеќе...


ИЗЛЕЗЕ НОВАТА КНИГА НА АНИТА МУРЏАНИ „ШТО АКО ОВА Е РАЈОТ?“

Повеќе...


БРУНО ШИМЛЕША повторно во Скопје!!!

Повеќе...


ДВОДНЕВЕН СЕМИНАР „БИДИ СВОЈ. БИДИ ЗДРАВ. БИДИ СРЕЌЕН“

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ НОВАТА КНИГА НА БАЈРОН КЕЈТИ „ДА СЕ САКА ТОА ШТО Е““


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ НОВАТА КНИГА НА АНИТА МУРЏАНИ „ШТО АКО ОВА Е РАЈОТ?“


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ КОРМИЛАР НА ДУШАТА


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ


Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа?

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ ЈАС МОЖАМ


Детски песни за развој на позитивни навики, верувања и вредности

Повеќе...

Анита Мурџани

ШТО АКО ОВА Е РАЈОТ?

издавач: Концепција
страници: 200
издадена: 2017
цена: 420,00 ден.

нарачка

 


„Многу луѓе имаат толку голем страв од смртта, што се плашат да го живеат животот потполно. Анита Мурџани извонредно ги демистифицира и животот и смртта, разбивајќи ја најпрвин нашата маѓепсаност со стекнатите уверувања, а потоа покажувајќи ни и практично како одново да се родиме во истиот живот. Оваа книга ќе ја ослободи вашата душа и ќе ве научи дека не мора да умрете за да одите во рајот.“

- д-р Џо Диспенца, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Вие сте плацебото“

Ако целта на животот е патувањето, а не дестинацијата, можно ли е ова да е рајот – овој физички живот што го живееме тука на Зенјата? Она што секојдневно го доживуваме често наликува на сe друго, освен на рај. Но, што ако разбереме колку сме моќни – доволно моќни за да ја обликуваме нашата внатрешна и надворешна стварност?

Анита Мурџани е убедена дека можеме токму тоа да го правиме. Процесот, објаснува таа, бара демонтирање на многуте културолошки митови кои сме ги сметале за непобитни вистини. Верувањата како што се ‘Секој го добива она што го заслужува’, ‘Да се сакаш себеси е себично’, ‘Секогаш мора да бидеме позитивни’ и слични на нив, се вкоренети во нас уште од раѓање, сеприсутни и влијателни, наведувајќи цели генерации на погрешен пат.

По нејзиното блиско искуство со смртта Анита започна да ги остварува вистините научени во другата стварност, откривајќи дека ослободувањето од овие застарени митови ? овозможува да го доживее рајот не како физичко место, туку како состојба на умот, токму овде и сега. Во ова преиспитување на нашите вообичаени митови таа споделува приказни и примери од сопствениот живот, откривајќи ни ги лагите под површината на она на кое долго време била учена. Со ослободувањето од овие невистини, вели Мурџани, ќе ги оставиме стравот, болката и самоограничувањата зад нас и ќе почнеме да живееме исполнет и среќен живот.

Анита Мурџани е автор на светскиот бестселер „Умирам да бидам своја“, приказна за нејзината четиригодишна битка со ракот што кулминираше во трогателно блиско искуство со смртта, кое длабоко го промени нејзиниот поглед на светот. Анита сега патува ширум светот држејќи работилници, а чест гостин е и на конференции и други настани на кои несебично ги споделува со луѓето длабоките увиди добиени за време на нејзиниот престој во другата стварност.

Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата