НОВО!!!

БРУНО ШИМЛЕША повторно во Скопје!!!

Повеќе...


ДВОДНЕВЕН СЕМИНАР „БИДИ СВОЈ. БИДИ ЗДРАВ. БИДИ СРЕЌЕН“

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ КОРМИЛАР НА ДУШАТА


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ


Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа?

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ ЈАС МОЖАМ


Детски песни за развој на позитивни навики, верувања и вредности

Повеќе...

Во книгата „Љубовологија“ авторот Бруно Шимлеша, инаку социолог по струка, за љубовта и љубовните односи говори без ракавици, без мистифицирање, искрено и директно. Се чини дека на тема љубов на сите ни е сè јасно теоретски, но од некои причини не знаеме како тоа да го спроведеме во пракса. Тоа е главната цел на оваа книга – да ги пронајдеме „непознатите“ во равенката на љубовта и потоа, така опремени, да го премостиме јазот помеѓу теоријата и праксата.

Љубовта е смислата на нашето постоење и тоа не е ништо ново. Она што е ново во оваа книга е начинот на кој авторот $ приоѓа на вечната тема наречена љубов. Неговата храброст да зборува отворено и без оној превез на мистериозност и недофатливост кој обично ги придружува „беседите“ за љубовта, му дозволува на читателот да се препознае себеси како учесник во играта на љубовта со сите свои дилеми и недоумици и истовремено да најде конкретни решенија за многу од нив. Шимлеша, впрочем, како и во претходните негови книги, покажува редок талент да го преточи апстрактното, филозофското, духовното во конкретно и практично применливо во реалниот живот. Факт е дека ова не им успеало на многумина. Особено радува податокот дека „Љубовологија“ ги соборува сите рекорди на читаност во Хрватска, а и на Балканот, што јасно покажува дека сè поголем број читатели уживаат во соголувањето на душата, наместо во соголувањето на телото, како што сме навикнале преку медиумите. И тоа само потврдува дека вистинскиот пристап секогаш донесува резултати.

Зборувајќи за многубројните заблуди кои повеќето луѓе ги имаат за љубовта, авторот многу прецизно ги сецира,  ги раздвојува на делови, ги објаснува и потоа повторно ги составува, но овојпат на нов начин и во вид на решенија кои ќе го зголемат квалитетот на нашите љубовни односи. Автентичниот концепт за сродни души – дека единствената сродна душа што секој од нас ја има сме самите ние – е базичната идеја во книгата. Од неа произлегува и главната поента, а тоа е дека е потребно да ја препознаеме сопствената љубовна природа или љубовност, како што Шимлеша ја нарекува. Треба да изградиме таков однос кон себе, во кој прво ќе научиме да се сакаме себеси, да се прифаќаме такви какви што сме, за да можеме потоа да создадеме љубовен однос каков што сакаме и во кој вистински ќе уживаме зашто тогаш веќе нема да инсистираме нашите партнери да играат погрешни улоги и да ни ги пополнуваат празнините кои ги чувствуваме, туку ќе умееме да уживаме во сопствената и туѓата убавина, без да очекуваме некој или нешто однадвор да нè дополни, да нè исполни, да нè усреќи. Пораката е следна: заљубете се прво во себе и дозволете доживувањето и славењето на таа ваша љубовност да ви ги донесе во животот партнерите и односите кои ги посакувате. Или, ако тоа го кажеме на начинот на Ганди, би изгледало вака: „Бидете самите љубовта која ја посакувате за себе!“

Од издавачот

... што рекоа за книгата...

„Љубовологија“ е вистинска мала библија, енциклопедија за љубовта и нашите односи со другите, книга – прирачник  за сите што сакаат да бидат среќни, да љубат и да бидат љубени. А тоа сме, верувам, сите ние.


Проф. Д-р Кнегиња Рихтер – Соколовска
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата