ИЗВАДОЦИ
НЕОБИЧНАТА ПРИРОДА НА КВАНТНИТЕ ЧЕСТИЧКИ
Квантната физика го потврдува ова. Квантните честички се насекаде околу нас (и во нас), постоејќи во форма на фреквенција, бран. Ние со нашето свесно набљудување и фокусирање ги претвораме фреквенциите во честички, во материјални, цврсти објекти или одредени случувања, настани. Од бескрајното квантно поле, поле на енергија, ние, преку чинот на набљудување (или фокусирано внимание), го „доведуваме“ во реалноста она што го набљудуваме! (Кога зборуваме за набљудување не се мисли само на „гледање“, туку набљудување со кое било од сетилата што ги поседуваме.)
Е сега, кога ова би бил само еден добар научно-фантастичен филм, би можеле, откако доволно ќе се изначудиме и запрепастиме, да го сместиме некаде во архивите на мозокот и да си го прераскажуваме повремено како нешто многу интересно или нешто што во некоја друштвена ситуација ќе ни помогне да покажеме колку сме информирани и „во тренд“ со најновите случувања на полето на науката.
Но, јас не сакам да ве информирам. Тоа можете и самите да го правите. Сите овие информации можете лесно да ги најдете на Интернет во секое време. Јас сакам да разберете што значи сето ова за ВАС, за вашиот живот и за сите нас. Со други зборови, да размислите малку за ова, во што со задоволство ќе ви помогнам; да посветите дел од вашите мисли и концентрација на овие прашања; да се заинтересирате малку повеќе за тоа што можете и кои се вашите потенцијали; да ПОСАКАТЕ поубави нешта за себе во животот и да ПОСЕГНЕТЕ по нив!
Сигурно не заради мене :-). Туку заради себе, нормално. И за светот да стане поубав.
Како светот ќе стане поубав и подобар заради тоа?
Еве ќе ви кажам: