НОВО!!!

БРУНО ШИМЛЕША повторно во Скопје!!!

Повеќе...


ДВОДНЕВЕН СЕМИНАР „БИДИ СВОЈ. БИДИ ЗДРАВ. БИДИ СРЕЌЕН“

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ КОРМИЛАР НА ДУШАТА


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ


Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа?

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ ЈАС МОЖАМ


Детски песни за развој на позитивни навики, верувања и вредности

Повеќе...

ИЗВАДОЦИ

ВИСТИНСКАТА ПРИРОДА НА УНИВЕРЗУМОТ

Убеден сум дека Бог не „фрла коцкички“
- Ајнштајн

Кога би можеле да ја запрашаме рибата во океанот дали знае што е тоа океан, што би ни одговорила?
Или, уште подобро, кога би го прашале бебето во мајчината утроба да ни ја опише мајка си, кој би бил неговиот можен одговор?
Зачудениот одговор на бебето веројатно би бил: „Мајка? Што е тоа мајка?“
Бебето не знае дека е во утробата на мајка му. Тоа е дел од неа, но нема поим за нејзиното постоење. Токму затоа што е дел од неа. Добива од неа сè што му е потребно за да расте и да се развива, девет месеци е секогаш и секаде со неа, но не знае дека таа постои.
На сличен начин и ние сме дел од универзумот. (Аналогијата е многу честа во универзумот. Таа е негов изум).

................................................................................................

Повеќемина класици од областа на личниот развој и мотивацијата, кои објавувале на самиот почеток на 20-тиот век (што, случајно или не, се поклопува со времето на првите револуционерни откритија во квантната физика!), но и многу други автори пред и по нив, се сложуваат во следниве основни начела:

Сè она што го гледаме околу нас е создадено од една оригинална супстанција. Изворот на сè што постои е оваа оригинална, аморфна супстанција. Од неа се создадени сите облици, сите форми на материја и енергија какви што ние ги познаваме. Планините, реките, морињата, небото, растенијата, животните, луѓето, сета органска и неорганска природа всушност е изградена од оваа оригинална, единствена супстанција, која во основа е жива, интелигентна, мисловна.
Ние живееме во мисловен свет, мисловен универзум. Универзум во кој мислата е таа што создава. Одредена мисла во оваа супстанција предизвикува создавање на она што е замислено. Замислата за постоење на универзум составен од орбитирачки галаксии, сонца, планети, ѕвезди,  распоредени на точно одреден начин, довело до создавање, односно материјализирање на точно таков универзум. Мислата за создавање на свет како овој што го имаме на Земјата, со сите негови форми и облици, довело до создавање на токму таков свет.
Значи, оваа супстанција од која сè е составено, од која сме ние составени е супстанција која мисли. Секоја форма, секој процес, секоја појава што ја гледаме во природата е визуелен израз на одредена мисла во оваа супстанција. Мислата или поточно, идејата за создавање на одредено растение е содржана во семето на тоа растение, или, како што сега знаеме, во неговата ДНК, (дезоксирибонуклеинската киселина или генетскиот материјал). Идејата за човекот и начинот на неговиот настанок и развој е содржана во човечката ДНК. Како кај компјутерските програми – да се послужиме повторно со аналогијата.
Целта на оваа интелигентна супстанција е преку најразличните форми што ги создава да се изрази самата себе во материјалната реалност. Затоа, таа секогаш е насочена кон поголем развој, кон повеќе живот, бидејќи во природата на интелигенцијата е да се зголемува, во природата на свеста е да ги проширува своите граници со цел да најде што поголем и подобар израз.
Универзумот е жива материја.

Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата